Mакедонски (Macedonian)

Информации за рак и поддршка за луѓето кои зборуваат македонски  

Ракот е тежок за вас и за вашето семејство, но не сте сами. Ние сме тука да ви дадеме поддршка. 

Секој може да ни се јави со прашања за рак, за неговото спречување и лекување, и за услугите за поддршка, вклучително семејството, пријателите и негувателите.   

Cancer Council Victoria дава голем број бесплатни услуги на поддршка за да ви помогнеИсто така, може да ви помогнеме да се поврзете со други услуги за поддршка низ цела Викторија кои ви одговараат. Во ред е ако не знаете кои услуги се достапни, ние можеме да предложиме некои работи кои помагаат.  

Исто така, може да помогнеме 

 

Информации на македонски 

На нашата веб-страница може да читате или слушате информации преведени на повеќето јазици на заедницата, користејќи ја лентата со алатки (toolbar) за пристапност во горниот десен агол на страницата и одбирајќи го вашиот јазик. Лентата со алатки исто така може да им помогне на луѓето со оштетен вид или слух, или со попреченост во поглед на учењето.  

Исто така, во долната табела се преводи на голем број наши ресурси, преведени од акредитирани NAATI преведувачи. 

Контактирајте со нас на македонски 

Јавете ни се  

  • со пораки на социјалните мрежи  

  • по имејл 

  • по телефон. 

Секој може да ни се јави, вклучително пријателите и членовите на семејството. Тоа е бесплатно и во доверба. 

Јавете се на 13 11 20 за да зборувате на англиски. 

Јавете се на 13 14 50 за да зборувате со нас на македонски со помош од преведувач.   

Кога се јавувате, речете го вашиот јазик и побарајте од преведувачот да се јави на Cancer Council на 13 11 20.  

Не можеме да даваме поединечни медицински совети. 

Информации за ракот и ресурси (Cancer Information and Resources )

Следните информации се професионално преведени од акредитирани NAATI преведувачи. Ве молиме слободно споделувајте ги овие линкови со вашите пријатели и роднини.  

Ако информации што ги барате ги нема тука, ве молиме јавете ни се за помош.  

Исто така, ресурсите може да ги преземете ( download ) на поедноставен јазик или со Easy Read . Тие се погодни за луѓето со попреченост, за постарите лица или за луѓето на кои им треба поддршка во поглед на писменоста.    

За да ги видите следниве датотеки треба Adobe Acrobat Reader. Преземете ја БЕСПЛАТНО

македонски документи  

English equivalents  

За лица што боледуваат од рак, нивните семејства и пријатели The following support services may assist you
Како да се спречи губењето на тежина Preventing weight loss

Едноставен тест на цревата може да ви го спаси животот

A simple bowel test could save your life (National Bowel Cancer Screening Program)